| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Секојпат длабоко нè потресува она што е конечно и неповратно
Добредојде на Островот на стаорците, во пандемиско време во кое богатите чекаат евакуација од врвовите на облакодерите, додека обичните луѓе се борат за опстанок по улиците.
Остварлив ли е сонот за вечен живот? Научникот кој го истражува во последен миг го активира бришачот на меморијата во Бришачот, зашто пронајдената формула може да предизвика истребување на човештвото. Во Штурци е ставено на тест пријателството и патувањето низ времето кога двајца најдобри другари ќе се вљубат во иста девојка. Во Противотров отуѓениот син оди кај татко му на фарма на змии во Африка обидувајќи се да извлече пари од него. А во епскиот и брутален Црн скокач психологот Маер навечер станува професионален убиец во служба на корпоративните картели...
Од дволичност и одмазда до дистописки визии, Несбе ги испреплетува жанровите истражувајќи го она што ја движи судбината на поединецот – дали има место за љубов, сочувство и правда дури и во екстремни услови на борба за опстанок?
„Морничави приказни во кои Несбе ги истражува изопачените умови и темните места на човечкото срце соочувајќи нè со можните сценарија за нашата блиска иднина.“
Букрипортер
„Со остро перо, живи ликови и застрашувачки сцени, Несбе е модерен шекспировски мангуп, стивенкинговски исповедник на длабочините на душата, брилијантен норвешки раскажувач.“
Берлингске
Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис- администрација во 1986 година, работел како берзански брокер и новинар, бил фудбалер, пејач во рок-бендот Ди дере. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на педесет јазици и продадени во над 33 милиони примероци. Автор е и на серијалот за деца Доктор Проктор – првата книга излегува во 2007 година, а по неа следуваат уште 4 забавни авантуристичко-детективски романи за деца и млади. Серијалот за доктор Проктор доживува голема популарност во Норвешка и брзо добива и своја филмска верзија. Објавил и неколку збирки раскази: Музиката од каруселот (Karusellmusikk, 2001; издава и музички албум со истиот наслов), Островот на стаорци и други раскази (2021), како и повеќе самостојни романи: филмуваниот Ловци на глави, потоа Макбет, Синот, Кралството, Белиот хотел.
Ју Несбе несоменено е невообичаено надарен автор со одлични познавања од психологијата, кој освoјува не само со мајсторскиот стил туку и со сижејните линии што секогаш изненадуваат.Читателот низ неговите романи ги следи трагите во бруталниот свет полн со злосторства, онака како што тоа го прави инспекторот Хари Хуле. Несбе го користи традиционалниот начин на пишување детективски роман, ја разгорува жедта за непознатото преку познатото. Неговите непридвидливи чекори ги комплетираат очекувањата и квалитетите што еден роман го прави трилер. Името на Несбе е првото што ќе го здогледате во книжевниот свет на 21 век на полиците меѓу трилерот, мистеријата и злосторството. Критичарите од целиот свет му оддаваат признание за збогатување на криминалистичкиот жанр.
Меѓу најпознатите дела му се Лилјакот (1997, првиот роман од серијата за Хари Хуле, кој ја добива наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман, како и меѓународната награда Ривертон за најдобар криминалистички дебитантски роман), Црвеношијка (2000, Роман на годината на Здружението на книжари на Норвешка за 2000 г.; прогласен за најдобриот норвешки криминалистички роман на сите времиња), Соломоновиот знак (2003, награда на Финската академија), Снешко (2007, Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010). Други познати романи му се Оклопно срце (2009), Сеништето (2011), Жед (2017), Полноќно сонце (2017) итн. Има основано фонд за помош за описменување на земјите од Третиот свет, на кој му го има заветено своето наследство. Живее и работи во Осло.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам