Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Напнато и неизвесно ремек-дело за осуетените соништа за бегство
По 25 години полициска работа и по мачниот развод, Кал го напушта Чикаго верувајќи дека мирниот селски живот ќе му помогне да се соземе од напорната и трагична реалност. Сака да почне од почеток во некое мирно, мало место со добар паб, каде што ништо особено нема да се случува. Но наскоро ќе открие дека дури и малите места кријат мрачни тајни.
Од селото исчезнува едно мало момче, но никој не е особено загрижен поради тоа, дури ни полицијата. Тогаш во Кал повторно се буди полицаецот и тој започнува своја истрага. Убеден дека нешто не е во ред, не може да остане мирен додека не открие што е тоа.
Извонредна приказна од најпознатата ирска авторка која со оваа книга го потврдува своето место меѓу најдобрите во криминалистичкиот жанр.
На првото читање ѝ се восхитуваме на содржината, на второто на убавиот и суптилен стил.
Њујорк тајмс
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам