Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Награда Стрега 2020.
Дали времето за нас сè уште би било време, доколку не можеме да го губиме или да го планираме? Можеме само да кажеме дека оди во една насока и дека конечното одредиште е познато.
Напната судска драма од југот на Италија, со цел да се спаси еден млад човек од затвор и од лажното обвинение што може да му го уништи животот.
Во адвокатската канцеларија на Гвидо Гвериери доаѓа Лоренца, сенка на жената со која бил во кратка врска пред триесет години и која била неговото прво големо разочарување во љубовта. Лоренца сега е самохрана мајка чиј син Јакопо е обвинет за убиство. Неговиот претходен адвокат е починат, па таа го моли Гвидо да го брани нејзиниот син во жалбената постапка. Наскоро Гвериери сфаќа дека случајот е многу потежок отколку што мислел. Дрога и дилери, прислушување и судири на мафијашките кланови се само дел од елементите кои стануваат важни за понатамошниот развој на заплетот во обидот да се открие вистината.
„Мера на времето“ е многу повеќе од судски трилер. Тоа е приказна за љубовта и заборавот, за страста и посветеноста, за неумоливиот тек на времето кое сите нè обележува.
„Карофило пишува остри романи со примеси на иронија кои се исто толку правни трилери колку и љубовни приказни и филозофски трактати.“
Њујоркер
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам