×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Девојките што горат

Девојките што горат

К. Џ. Тјудор


Издавач: ТРИ
Автор: К. Џ. Тјудор
ISBN: 9786082308593
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
500 ден.

Експлозивен трилер од авторката на „Човекот од креда“ за селцето Чепел Крофт кое крие тегобни тајни. Пред 500 години во него на клада биле изгорени осум протестантски маченици. Пред 30 години без трага исчезнале две тинејџерки. А пред два месеца се самоубил капеланот. Постои ли некаква поврзаност меѓу нив, и дали навистина местото е опседнато?

Новиот капелан Џек Брукс, самохрана мајка која и самата бега од своето мрачно минато, се надева дека ќе најде мир и одново ќе го започне животот. Но кога од непознат праќач ќе добијат за добредојде стар комплет за егзорцизам, скромната куќа и немањето интернет се најмалите грижи со кои се соочуваат таа и нејзината 14-годишна ќерка.

Колку повеќе се запознаваат со чудните жители, сомнежот и стравот им се продлабочуваат. Зашто откривањето на вистината во село во кое сите се поврзани со крвавото минато и никој не им верува на дојденците – може да биде смртоносно.

„Хипнотизирачки и застрашувачки... Најдоброто од Тјудор што ме натера да спијам со запалена светилка.“

Крис Витакер

К. Џ. Тјудор

К. Џ. Тјудор

К. Џ. Тјудор е современа англиска романсиерка, авторка на трилери. Родена е во Солсбери, во 1972 година. Пораснала во Нотингем, каде што живее и денес.

Се обидувала да пишува од најрана возраст. Како мала читала детективски романи и страшни приказни, а особено уживала во делата на Стивен Кинг, за кого смета дека извршил огромно влијание врз нејзиниот стил. Фасцинирана е од мрачните тајни и ужасот што често знаат да се кријат во малите гратчиња, кои ги опишува во своите дела.

Го напуштила училиштето на 16-годишна возраст поради анорексија и во следните години работела како копирајтер во рекламна агенција, репортер, радиосценарист. Како телевизиска водителка имала повеќе забележителни интервјуа со познати холивудски актери. Извесно време раководела фирма за шетање кучиња, а потоа целосно му се посветила на пишувањето.

„Човекот од креда“ е нејзиниот прв роман, објавен во 2018 година. Тој постигнува огромен успех, станува бестселер на „Њујорк тајмс“ и преведен е на повеќе светски јазици.  Во 2019 г. го издава „Исчезнувањето на Ани Торн“, во 2021 г. „Другите луѓе“, а во 2022 година „Девојките што горат“.

За своите дела има добиено повеќе награди – „Бари“ за дебитантски роман, наградата за трилер на годината, наградата „Дагер“ и др. 

Види повеќе