Тана Френч е роденa во 1973 година. Детството го поминала во Ирска, Италија, САД и на Малавите, а од 1990 година живее во Даблин. По професија е актерка, а подоцна почнува да се занимава со пишување. Автор е на неколку исклучително популарни криминалистички романи, кои имаат статус на светски бестселери. За своите дела освоила многу награди, меѓу кои наградата Едгар Алан По (2008) за романот „Во шумата“ и Ирската награда за литература за романот „Пристаниште“ (2012), додека за романот „Кобно место“ во 2012 година е номинирана за наградата ИМПАК Даблин. Живее во Даблин со својот сопруг и со двете ќерки.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам