×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Спасителот

Спасителот

Ју Несбе


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 456
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
Автор: Ју Несбе
ISBN: 9786082304960
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
500 ден.

Најлошото што може да ти се случи не е губењето на животот, туку губењето на причината за живот.

Во летувалиштето на Војската на спасот е силувано едно четиринаесетгодишно девојче. По дванаесет години, на предбожикниот концерт, некој од толпата го убива нејзиното момче. Фоторепортерите го сликаат можниот убиец, но стручњакот за препознавања лица Беата Лен ја збунува тоа што ликот му е различен на секоја слика… Инспекторот Хуле тргнува во потрага по човекот без лице, која го води во поранешна Југославија и во подземјето на норвешката престолнина, во еден свет што бара вечно – или барем мигновено – спасение. А платеникот сè уште не ја завршил својата задача…

„Спасителот“ е мајсторски исткаена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на југословенската војна. Психолошки трилер кој покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

„Во ‘Спасителот’ Несбе се надминува себеси, а неговиот јунак, детективот Хуле, станува омилениот лик од овие простори… Неверојатни пресврти и напната атмосфера!“

Тајмс

Ју Несбе

Ју Несбе


Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис- администрација во 1986 година, работел како берзански брокер и новинар, бил фудбалер, пејач во рок-бендот Ди дере. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на педесет јазици и продадени во над 33 милиони примероци. Автор е и на серијалот за деца Доктор Проктор – првата книга излегува во 2007 година, а по неа следуваат уште 4 забавни авантуристичко-детективски романи за деца и млади. Серијалот за доктор Проктор доживува голема популарност во Норвешка и брзо добива и своја филмска верзија. Објавил и неколку збирки раскази: Музиката од каруселот (Karusellmusikk, 2001; издава и музички албум со истиот наслов), Островот на стаорци и други раскази (2021), како и повеќе самостојни романи: филмуваниот Ловци на глави, потоа Макбет, Синот, Кралството, Белиот хотел.

 

Ју Несбе несоменено е невообичаено надарен автор со одлични познавања од психологијата, кој освoјува не само со мајсторскиот стил туку и со сижејните линии што секогаш изненадуваат.Читателот низ неговите романи ги следи трагите во бруталниот свет полн со злосторства, онака како што тоа го прави инспекторот Хари Хуле. Несбе го користи традиционалниот начин на пишување детективски роман, ја разгорува жедта за непознатото преку познатото. Неговите непридвидливи чекори ги комплетираат очекувањата и квалитетите што еден роман го прави трилер. Името на Несбе е првото што ќе го здогледате во книжевниот свет на 21 век на полиците меѓу трилерот, мистеријата и злосторството. Критичарите од целиот свет му оддаваат признание за збогатување на криминалистичкиот жанр.

 

Меѓу најпознатите дела му се Лилјакот (1997, првиот роман од серијата за Хари Хуле, кој ја добива наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман, како и меѓународната награда Ривертон за најдобар криминалистички дебитантски роман), Црвеношијка (2000, Роман на годината на Здружението на книжари на Норвешка за 2000 г.; прогласен за најдобриот норвешки криминалистички роман на сите времиња), Соломоновиот знак (2003, награда на Финската академија), Снешко (2007, Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010). Други познати романи му се Оклопно срце (2009), Сеништето (2011), Жед (2017), Полноќно сонце (2017) итн. Има основано фонд за помош за описменување на земјите од Третиот свет, на кој му го има заветено своето наследство. Живее и работи во Осло.

Види повеќе