×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Жед

Жед

Ју Несбе


Издавач: ТРИ
Автор: Ју Несбе
ISBN: 9786082307312
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Една жена е најдена мртва во нејзиниот стан, со прегризан врат, по состанокот договорен на Интернет. По два дена, нова жртва – на слична возраст, корисничка на Тиндер, во слична сцена.

Притиснат од медиумите за што побрзо решавање на случајот, директорот на полицијата е свесен дека само еден човек може да го фати убиецот. Меѓутоа Хари Хуле не сака да се врати таму каде што за малку ќе загубеше сѐ. Барем додека не се посомнева дека овие убиства може да се поврзани со една негова стара, неуспешна истрага.

Зашто има нешто во нив што му го привлекува вниманието, нешто во деталите што истражителите ги пропуштаат. Кога ќе биде откриена наредната жртва, Хари мора да стави на коцка сѐ за да го фати единствениот човек што успеал да му се извлече.Потрагата по убиецот прераснува во потрага по она што е најинтимно, најдлабоко во човекот.

„Исклучително... Хари е растргнат од тежок внатрешен конфликт – од една страна, сака да ги заборави ужасите што се обидува да ги спречи, а од друга, знае дека мора да ги запомни во сите нивни мрачни детали.“

Паблишер викли

Ју Несбе

Ју Несбе


Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис- администрација во 1986 година, работел како берзански брокер и новинар, бил фудбалер, пејач во рок-бендот Ди дере. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на педесет јазици и продадени во над 33 милиони примероци. Автор е и на серијалот за деца Доктор Проктор – првата книга излегува во 2007 година, а по неа следуваат уште 4 забавни авантуристичко-детективски романи за деца и млади. Серијалот за доктор Проктор доживува голема популарност во Норвешка и брзо добива и своја филмска верзија. Објавил и неколку збирки раскази: Музиката од каруселот (Karusellmusikk, 2001; издава и музички албум со истиот наслов), Островот на стаорци и други раскази (2021), како и повеќе самостојни романи: филмуваниот Ловци на глави, потоа Макбет, Синот, Кралството, Белиот хотел.

 

Ју Несбе несоменено е невообичаено надарен автор со одлични познавања од психологијата, кој освoјува не само со мајсторскиот стил туку и со сижејните линии што секогаш изненадуваат.Читателот низ неговите романи ги следи трагите во бруталниот свет полн со злосторства, онака како што тоа го прави инспекторот Хари Хуле. Несбе го користи традиционалниот начин на пишување детективски роман, ја разгорува жедта за непознатото преку познатото. Неговите непридвидливи чекори ги комплетираат очекувањата и квалитетите што еден роман го прави трилер. Името на Несбе е првото што ќе го здогледате во книжевниот свет на 21 век на полиците меѓу трилерот, мистеријата и злосторството. Критичарите од целиот свет му оддаваат признание за збогатување на криминалистичкиот жанр.

 

Меѓу најпознатите дела му се Лилјакот (1997, првиот роман од серијата за Хари Хуле, кој ја добива наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман, како и меѓународната награда Ривертон за најдобар криминалистички дебитантски роман), Црвеношијка (2000, Роман на годината на Здружението на книжари на Норвешка за 2000 г.; прогласен за најдобриот норвешки криминалистички роман на сите времиња), Соломоновиот знак (2003, награда на Финската академија), Снешко (2007, Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010). Други познати романи му се Оклопно срце (2009), Сеништето (2011), Жед (2017), Полноќно сонце (2017) итн. Има основано фонд за помош за описменување на земјите од Третиот свет, на кој му го има заветено своето наследство. Живее и работи во Осло.

Види повеќе