×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Снешко

Снешко

Ју Несбе


Издавач: ТРИ
Автор: Ју Несбе
ISBN: 9786082305387
Жанр: Трилери
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Ноември е Осло е завеан од првиот снег. По враќањето од работа Бирта Бекер го пофалува снешкото што го направиле син ѝ и маж ѝ во дворот. Но не го направиле тие... Синот сфаќа дека наместо да гледа кон улицата снешкото е свртен кон куќата. Црните очи гледаат право низ прозорецот. Во нив.

Вишиот инспектор Хари Хуле добива анонимно писмо. Потпишано со „Снешко“. Подоцна, меѓу застарените случаи на исчезнати лица, Хари открива редица вознемирувачки сличности. Исчезнуваат мажени жени со деца токму во денот на првиот снег... Истата ноќ, Силвија Отерсен се пробива низ првиот снег во шумата во близина на Осло. Знае дека животот ѝ зависи од тоа дали ќе избега, но не знае што ја гони. За среќа, не знае ни што ја чека на патот...

 „Несбе со право важи за најпризнат писател на трилери во Норвешка. Она што ќе го открие Хари Хуле засекогаш ќе го промени вашето мислење за белата добродушна фигура. Снешко е извонреден трилер што ќе ви ја расипе дремката додека надвор вее снег.“ Нешнел паблик радио (САД)

„Несбе е Пикасо на норвешкиот криминалистички роман: ликовите се живописни до секој детаљ, елегантно вплетени во приказната. А таа приказна не е само овој роман, туку тоа е целиот серијал – на пат да стане најдобриот во историјата на норвешкиот криминалистички роман.“ Ставангер афтенблад

 

 

Ју Несбе

Ју Несбе


Ју Несбе (1960) е современ норвешки писател, музичар и економист, водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Дипломирал економија и бизнис- администрација во 1986 година, работел како берзански брокер и новинар, бил фудбалер, пејач во рок-бендот Ди дере. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на педесет јазици и продадени во над 33 милиони примероци. Автор е и на серијалот за деца Доктор Проктор – првата книга излегува во 2007 година, а по неа следуваат уште 4 забавни авантуристичко-детективски романи за деца и млади. Серијалот за доктор Проктор доживува голема популарност во Норвешка и брзо добива и своја филмска верзија. Објавил и неколку збирки раскази: Музиката од каруселот (Karusellmusikk, 2001; издава и музички албум со истиот наслов), Островот на стаорци и други раскази (2021), како и повеќе самостојни романи: филмуваниот Ловци на глави, потоа Макбет, Синот, Кралството, Белиот хотел.

 

Ју Несбе несоменено е невообичаено надарен автор со одлични познавања од психологијата, кој освoјува не само со мајсторскиот стил туку и со сижејните линии што секогаш изненадуваат.Читателот низ неговите романи ги следи трагите во бруталниот свет полн со злосторства, онака како што тоа го прави инспекторот Хари Хуле. Несбе го користи традиционалниот начин на пишување детективски роман, ја разгорува жедта за непознатото преку познатото. Неговите непридвидливи чекори ги комплетираат очекувањата и квалитетите што еден роман го прави трилер. Името на Несбе е првото што ќе го здогледате во книжевниот свет на 21 век на полиците меѓу трилерот, мистеријата и злосторството. Критичарите од целиот свет му оддаваат признание за збогатување на криминалистичкиот жанр.

 

Меѓу најпознатите дела му се Лилјакот (1997, првиот роман од серијата за Хари Хуле, кој ја добива наградата Стаклен клуч за најдобар скандинавски детективски роман, како и меѓународната награда Ривертон за најдобар криминалистички дебитантски роман), Црвеношијка (2000, Роман на годината на Здружението на книжари на Норвешка за 2000 г.; прогласен за најдобриот норвешки криминалистички роман на сите времиња), Соломоновиот знак (2003, награда на Финската академија), Снешко (2007, Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади Доктор Проктор (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010). Други познати романи му се Оклопно срце (2009), Сеништето (2011), Жед (2017), Полноќно сонце (2017) итн. Има основано фонд за помош за описменување на земјите од Третиот свет, на кој му го има заветено своето наследство. Живее и работи во Осло.

Види повеќе