| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Гостите еден по еден пристигнуваат во Мичеловиот пансион, сместен длабоко во снежните планини Кетскил – совршено место за романтичен викенд. Додека се сместуваат, никој од нив не помислува дека надоаѓачката снежна бура ќе ги отсече од надворешниот свет.
Постепено запознавајќи се, тие се обидуваат да го искористат тоа на најдобар начин. Но тогаш се појавува првото мртво тело – и сите се ужасуваат од помислата дека меѓу нив има убиец.
Во снежниот рај, нешто или некој ги напаѓа гостите еден по еден. „Поштедените“ не можат да направат ништо друго освен да се надеваат дека ќе ја преживеат бурата и дека нема да бидат следната жртва.
„Шари Лапена несомнено е една од најдобрите писателки на психолошки трилери во светот. Нејзините книги не можете да престанете да ги читате.“ – Лиса Џуел
„Канадската авторка Лапена ги спојува пријатната атмосфера и лукавата заплетканост на криминалистичките романи од ерата на Агата Кристи со остро око за современиот живот.“ – „Дејли мирор“
Шари Лапена е родена во 1960 година, во Канада. Пред да почне посериозно да се занимава со пишување работела како адвокат и како наставничка по англиски јазик. Нејзиниот прв трилер Двојката од соседството беше најпродавано дело според Њујорк тајмс и стана глобален бестселер.
Авторка е на романите Кога работите ќе се разлетаат, објавен во 2008 година, и Економија на среќата, во 2011 година.
Несаканиот гостин е нејзиниот трет трлиер по што ги објавува Некој што го познаваме, Нејзиниот крај, Несреќно семејство, Сите овде лажат, Што направи?, Не го очекуваше тоа и последниот кој беше објавен во 2026 г. Како да се извлечеш со убиство. Сите нејзини трилери може да се читаат одделно, но и редоследно по годината на излегување.
Со својот стил на раскажување Шари Лапена мајсторски ја пренесува неизвесноста на настаните и го држи читателот во возбудлива напнатост до последната страница.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам