×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Станка Бајлозова-Барламова


Станка Бајлозова-Барламова (6.2.1993) е современа македонска писателка. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Работи во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово.

Во 2017 г. ја објави својата прва книга есеи и критики „Студентски портрет“, а во 2021 г. ја објави книгата раскази „Силуети“.

Во 2023 година Општина Валандово ѝ го додели признанието „6 Ноември“ за монографијата „50 години распеани валандовчани“. Ги има добиено наградата за најдобар расказ на литературниот конкурс на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ (2023), трета награда за расказ на литературниот конкурс „Раскажувам фотографија“ од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје (2024).

Од книгата „Облогот“ неколку раскази се објавени на англиски јазик низ повеќе списанија и антологии надвор од Македонија:

1. „Книгата“ – во списанието The Mockingowl Roost

2. „Баклава“ – во списанието Aether Avenue Press и во антологијата In Stitch in Space Time во Индија

3. „Дисперзирани умови“ – во списанието Litarary Yard

4. „Јaжето на Јoже“ – во списанието Adelaide Books

5. „Анксиозни сништа“ – во антологијатата Fleshes of nightmare во Индија.