| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Овие се приказни кои без проблем ги минуваат границите на македонскиот јазик и излегуваат надвор и од македонската книжевна сцена. Ако нѐ води мислата на Жан Пол Сартр дека „Зборовите се наполнет пиштол“, тогаш приказните што ги раскажува Станка Бајлозова-Барламова се пиштол што може да ти ја разнесе и мислата и душата. „Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво“, вели Сартр. Во какво друштво се ликовите од збирката „Облогот“?
Во меѓувреме Станка Бајлозова-Барламова ферментираше како автор. Ферментираше и нејзиниот стил. Се разви нејзината приказна. И нејзе (и на авторката и на приказната) ѝ / им стана тесно во сокачето на македонската книжевна сцена, иако од неа учи како да им даде глас на семантички полните имиња, како Посебољуб Инаетовски, Огнен Воденов или Игла Остроумовска, иако од неа ја наследува и магичната атмосфера што ја носат расказите на Петре М. Андреевски и Живко Чинго.
„Постојат книги кои што сами по себе инсистираат да ви го променат животот“, запишува старицата во својата тетратка по прочитаниот роман што утрото ѝ го подарува мајсторот во еден од расказите на оваа збирка. Можеби токму „Облогот“ е една таква книга. А, што велите? Да се обложиме дека е така?
Весна Мојсова-Чепишевска
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам