Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Не прашувајте за празнините, сѐ е во нив. Јас ја изнесувам само суштината на радоста и на страдањето.
Меѓу кориците на оваа книга на Брсјак, десетта по ред, треперат дваесет приказни на границата меѓу доброто и злото, сонот и реалноста, стварноста и илузијата, можното и неможното, реалното и посакуваното.
Насловниот расказ, во духот на нашата најдобра книжевна традиција, пред петнаесет години ја освои првата награда на конкурсот за расказ „Живко Чинго“. Според членовите на жирито В. Андоновски, К. Николовска и С. Ѓорѓо Димоски, тој е „маестрален, суптилен и невидлив дијалог со ‘нервот’ на расказите од Чинго, оти авторот е нов, незнаен внук или негов потомок. Потомок не само по дискурс, по писмо, туку и по здив. ‘Пред црковните порти’ блесна со растајнувањето на една невидлива болест преку потресна, внатрешна историја на болката. Оти сфаќаме дека другите болести се само деца на таа праболест... Победата над ѕверот во себе, како врвна победа над сите можни болести, потресно нѐ потсетува и освестува дека несетeно сме станале несвесни зависници. И тоа, замислете: зависници од хаосот! Потчинети на своите зависности и поразени од самите себеси...“
Корица: Драган Спасески-Охридски. Распетие на љубовта, 1998. Масло на платно 220 х 200 см
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам