| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Сите деца, но и возрасните, сакаат да решаваат загатки!
Откријте која или што е Кики и зошто се крие зад грмушките!
Зошто не можеме да ја видиме веднаш? Зошто ги гледаме само грмушките зад кои се крие?
Зошто е тажна и какви проблеми ја мачат?
Дали се вистински и сериозни како што ѝ изгледаат?
Не смееме сѐ да ви раскажеме веднаш и да ви ги дадеме сите одговори – оваа приказна носи некои мудри поуки и размислувања. За тоа како не треба да се исмеваат оние што се различни од нас. За тоа како секој има некои свои особености и проблеми, но, на крајот – љубовта и разбирањето ги решаваат сите заплеткани работи и сите тешкотии.
Како што ќе видите, Кики е една извонредна и посебна Кики, која заслужува читање, разбирање и сета љубов на светот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам