×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Месечко и Сончко

Месечко и Сончко


Издавач: Светулка Нова ДООЕЛ
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Повез: Тврд повез
Автор: Лидија Тантуровска
ISBN: 9786085024407
Жанр: Сликовници (до 6 год.)
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
400 ден.

Сликовницата „Месечко и Сончко“ од реномираната лингвистка и македонистка Лидија Тануровска се занимава токму со една од најинтригантните прашања и за најмладите читатели — односот меѓу денот и ноќта низ призмата на двете небесни тела (Сонцето и Месечината). Во бајковитата и нежна приказна на Тануровска, преку процесот на персонификација, Сонцето и Месечината стануваат книжевни ликови (Сончко и Месечко), кои се во непосредна врска со активностите на децата во текот на денот и ноќта.

Во сугестивната, едновремено забавна и поучна приказна, Месечко (заедно со ѕвездите) секојдневно стапува на сцена со доаѓањето на ноќта и го поттикнува детскиот сон. Во оваа приказна, Месечко нежно и непосредно дејствува, помагајќи им на децата да потонат во сон: „Доаѓаше до секој прозорец, влегуваше во секоја соба, каде што лежеше детето во своето креветче и му ја пееше својата заспивалка“. Мисијата на Сончко, од друга страна, како антитеза на Месечко, природно се поврзува со периодот кога децата се будни, така што Сончко не само што ги буди децата туку и ги набљудува сите нивни активности во текот на денот: „Штом ќе се разбуди, почнуваше да се смее толку гласно, што ги разбудуваше сите — и оние што лесно ги отвораа очињата, и оние што одвај ги отвораа очињата“.

Можеби ќе ве интересира