×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Краток вовед во толкувањето

Краток вовед во толкувањето


Издавач: Фуснота
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 120
Година на издавање: 2026
Автор: Наталија Орлиќ
ISBN: 9786086661366
Жанр: Теорија на литературата
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

Првото издание на книгата „Краток вовед во толкувањето“ излегува во Љубљана, 2024 год. со поднаслов „Прирачник за практична работа“ во издание на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2025 година книгата се издава во Подгорица, Црна Гора и во 2026 година излегува како

проширано издание на македонски јазик, во кое за првпат пред идните и сегашните преведувачи односно толкувачи имаме практичен прирачник за толкување. Преведувањето подразбира пренос на пишан текст од еден јазик на друг, додека толкувањето претставува пренос на говорен израз од еден јазик во друг. Толкувањето се одвива речиси истовремено со говорот во текот на самата комуникациска ситуација, па на
шега, некои дури велат дека толкувањето е вториот најстар занает на светот. Меѓу главните техники на толкување во рамките на толкувањето за заедницата Наталија Орлиќ пишува за консекутивно и симултано толкување, толкување со шепот (шушутажа), толкување на увид, придружно толкување, толкување на далечина и толкување за деца.

Наталија Орлиќ прецизно освен што прави поделба на толкувањето, детално ги анализира сите техники и фази на толкување, како и карактеристиките на толкувањето за заедницата, воведува преведувачки пристапи како новитети во преведувачето на светски рамки,
одделно се занимава за толкувањето за деца и толкување за групи, а на крајот од книгата нуди корисни совети во корист на преведувачот односно како самите да си помогнеме при преведувањето, професионалноста на личноста што работи како толкувач, но и за настанот на толкување.