| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Дали знаеше дека ако го затвориш едното око и го покриеш со два прста, ќе добиеш магичен поглед?
Од баба ми го научив тоа.
Во земја без име, во град во урнатини, едно девојче од својата баба учи нешто многу посебно: ако го покриеш едното око со два прста, ќе можеш да видиш нешта што инаку не ги забележуваш. Убави нешта за кои не си знаел дека постојат. Златни палати во мрачни шуми. Сирени во длабокото море. Убавина, светлина и надеж.
„Магичен поглед“ е имагинативна, сетилна приказна за едно девојче и за нејзиното бегалско семејство. Безвременска приказна полна со топлина, приказна за волшебната способност на едно дете да продолжи да верува дека и во еден суров свет може да постојат бои, магија добрина и убавина.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам