×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Новото патување на Малиот принц

Новото патување на Малиот принц

Елој Морено


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Јазик: Македонски
Број на страници: 120
Година на издавање: 2026
Повез: Тврд повез
Автор: Елој Морено
ISBN: 9786082438900
Жанр: 11 – 13
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
600 ден.

Во Новото патување на Малиот принц, осум децении подоцна, Елој Морено не само што му оддава почит на бесмртниот класик на Антоан де Сент-Егзипери туку и го осовременува, за да нè потсети дека, дури и во сложениот современ свет во кој живееме, она што навистина е важно и натаму останува невидливо за нашите очи.

Во приказната, настраданиот пилот се навраќа на својата прва средба со Малиот принц, за кого не знае дали навистина постоел или бил сон. Токму во тој миг, меѓу сонот и јавето, тој повторно му се појавува, овој пат барајќи од него да му нацрта крт за да ги јаде корените на баобабите и со тоа да спречи да му ја уништат планетата.

Така започнува новото патување на Малиот принц, во кое спомените од претходното патување се испреплетуваат со авантурите што овој пат му ги раскажува преку потрагата по кртот.

На едноставен и суптилен начин, авторот извонредно ги прикажува големите проблеми со кои се соочува нашето општество, како осаменоста и рамнодушноста кон страдањето на другите, преку пријателството и емпатијата како водечки нишки што ја поврзуваат целата приказна. Притоа, нè поттикнува да размислуваме колку е важно да знаеме да сакаме и да се сакаме себеси, да бидеме покрај другите, да ја цениме мудроста на книгите и да научиме да го гледаме животот од перспектива на децата.

Според зборовите на самиот автор, ова е еден од најважните проекти во неговата кариера: „Нешто толку големо, а сепак толку нежно, толку убаво, а толку силно, возбудливо како целиот универзум.“

Елој Морено

Елој Морено

Елој Морено (1976) е шпански писател. Студирал компјутерски менаџмент и работел во компјутерска компанија. Поради големата љубов кон книжевноста својот прв роман го објавил самостојно и го продал во повеќе од 200 000 примероци. Подоцна објавува уште неколку романи, од кој најпознат е Невидлив (2018). Автор е и на тритомно дело наменето и за возрасните и за децата, веќе прифатено како лектира во многу образовни центри. Сакајќи да им помогне на младите писатели во 2016 година започнал курс за самостојно издаваштво.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира