×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ерик-Емануел Шмит


Ерик-Емануел Шмит (1960) е француско-белгиски романсиер, филозоф, драматург и режисер. За две децении станал еден од најчитаните автори чии драми постојано се поставуваат на сцените во над 50 земји во светот, а неговите книги се преведени на 46 јазици. Според статистиките, Шмит е најизучуван современ автор во светот.

Во прозата е најпознат по циклусот „Невидливиот“, серијал од шест романи за детството и спиритуалноста, од кои најпознати се „Миларепа“, „Господин Ибраим и цветовите од Коранот“ и „Оскар и дамата во розово“. Овие негови дела се под големо влијание на светските религии што се негов предмет на интерес. „Господин Ибраим и цветовите на Коранот“ е награден со германската награда за белетристика во 2004 година. Охрабрен од интернационалниот успех на неговиот прв филм „Одет Тулемонд“ („Odette Toulemonde“), во 2009 година ја адаптирал „Оскар и дамата во розово“ за филмското платно. Други познати романи му се „Сектата на егоистите“, „Евангелие според Пилат“, „Одисеј од Багдад“, „Жената со огледалото“, „Папагалите од плоштадот Арецо“, „Љубовен еликсир“, „Мојот живот со Моцарт“ и други.