| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Ако соништата се повторуваат додека човек е буден, како да не се поверува дека станува збор за живеење во некој друг живот?
Сè започнува од еден сон. Симон секоја вечер се гледа во истиот каменит предел со срце исполнето со омраза, сѐ додека една таинствена жена не му открие дека е реинкарнација на чичкото на Миларепа. Миларепа е тибетски исцелител од 9 век кој бил убиец сè додека не навлегол во будизмот, по што станал почитуван и моќен јогин, човек со телесно и духовно совршенство.
За да престане духот да кружи од едно во друго тело, Симон мора да ја раскаже приказната за Миларепа. Но во текот на прочистувањето, тој се поистоветува до таа мера што заборава на својот идентитет и ја губи свесната граница помеѓу сонот и јавето.
Со овие страници испишани во духот на будизмот, Шмит ја продолжува својата филозофска потрага по вистината по која трага во целиот свој циклус „Невидливиот“ – серија книги полни со духовноста и длабочината на човековото постоење. Фантастични приказни кои поттикнуваат да ја погледнеме стварноста од една поинаква перспектива.
Ерик-Емануел Шмит (1960) е француско-белгиски романсиер, филозоф, драматург и режисер. За две децении станал еден од најчитаните автори чии драми постојано се поставуваат на сцените во над 50 земји во светот, а неговите книги се преведени на 46 јазици. Според статистиките, Шмит е најизучуван современ автор во светот.
Во прозата е најпознат по циклусот „Невидливиот“, серијал од шест романи за детството и спиритуалноста, од кои најпознати се „Миларепа“, „Господин Ибраим и цветовите од Коранот“ и „Оскар и дамата во розово“. Овие негови дела се под големо влијание на светските религии што се негов предмет на интерес. „Господин Ибраим и цветовите на Коранот“ е награден со германската награда за белетристика во 2004 година. Охрабрен од интернационалниот успех на неговиот прв филм „Одет Тулемонд“ („Odette Toulemonde“), во 2009 година ја адаптирал „Оскар и дамата во розово“ за филмското платно. Други познати романи му се „Сектата на егоистите“, „Евангелие според Пилат“, „Одисеј од Багдад“, „Жената со огледалото“, „Папагалите од плоштадот Арецо“, „Љубовен еликсир“, „Мојот живот со Моцарт“ и други.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам