Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
За да се гледа не се потребни ни философија ни учител. Никој не мора да ви каже како да гледате. Едноставно гледате.
Нашиот свет е полн со насилство и страдање и потребна му е промена. Но како таа да се постигне? Кришнамурти нè поттикува активно да (се) истражуваме и да излеземе од стапицата на познатото за да можеме да постигнеме промена во себе, а со тоа и промена во мислењето и однесувањето на целото човештво.
Што е освестеноста и како да се постигне, во што е суштината на човековата потрага, што е љубовта, зошто се плашиме од смртта, зошто страдаме и зошто нашиот ум е несреќен?... се само дел од поважните теми што ги обработува Кришнамурти покажувајќи како луѓето можат радикално и брзо да се ослободат од тиранијата на очекуваното, без разлика на својата припадност. Големиот учител ни нуди изобилна духовна ризница од која читателот ќе црпи со задоволство и благодат.
„Кришнамурти ми изврши длабоко влијание и ми помогна да ги надминам самонаметнатите ограничувања на мојата слобода.“
Дипак Чопра
„Еден од најголемите мислители на сите времиња.“
Далај-лама
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам