Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Заштедувате 49 ден.
Она што го даваш, тоа е твое засекогаш, а она што ќе го задржиш, тоа е изгубено засекогаш.
Она што господин Ибраим несебично го дава, се мудрите совети упатени кон малиот Момо.
Напуштен од мајка си, Момо живее заробен од осудувањата и очекувањата на својот скршен татко, кој еден ден исто така ќе го напушти. И додека се обидува да се снајде во суровиот свет, тој сфаќа дека ништо не е онака како што изгледа – Сината улица не е сина, Арапот не е Арап, Момо не е деминутив од Мојсеј туку од Мохамед. Во овој свет еден пријател вреди за многумина, а животот не е секогаш тажен.
Средбата на Момо со господин Ибраим, мудриот старец кој живее на Сината улица и работи во својата бакалница од утро до полноќ, е мигот што му го менува животот на младото момче. На крстопатот на две религии, Ибраим го учи Момо за мудростите на животот.
Полна со инспиративни реченици, оваа приказна од циклусот „Невидливиот“ е приказна полна со алузии не само за религијата, туку и за целокупното постоење.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам