×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Здрав емотивен живот

Здрав емотивен живот

Ошо


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Ошо
ISBN: 9786082307404
Жанр: Езотерија
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
380 ден.

Како да ја усогласиме потребата за изразување на своите чувства со желбата да ги заштитиме другите? Премногу често запаѓаме во стапицата на оваа дилема: изразување или потиснување. Доколку ги изразиме вистинските чувства, се плашиме дека ќе ги повредиме блиските и ќе се отуѓиме од нив. Но ако ги потиснуваме емоциите – дури и под маската на „самоконтрола“ – ризикуваме да се повредиме себеси.

Ошо, еден од најпровокативните и најинспиративните духовни учители на нашето време, ни претставува практичен и сеопфатен пристап кон успешно решавање на овој личен конфликт. Користејќи нов, досега необјавен материјал, книгата Здрав емотивен живот ни помага да сфатиме што лежи во основата на нашите емоции, ни укажува како да реагираме на ситуациите за да осознаеме нешто и за себе и за другите, и нѐ учи да одговориме со поголема сигурност на неизбежните подеми и падови во животот.

Восхитувачкиот увид на Ошо во човековиот ум и во срцето ги надминува границите на конвенционалната психологија. Ошо нѐ учи целосно да ги искусиме своите емоции и со нив да се избориме на креативен начин, за да водиме побогат и поисполнет живот.