Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Најинтересно е секогаш во сенка, онаму каде што е невидливо.
Септември 1913 година, здравственото одмаралиште ” Герберсдорф” ( денешно Соколовско во Долна Шлезија ). Овде, во подножјето на планините, повеќе од половина век функционира еден од првите во светот специјализирани санаториуми за лекување на ” болест на граниот кош и грлото “. Мјечислав Војњич, студент од Лавов, доаѓа во бањата со надеж дека иновативните методи и кристално чистиот воздух ќе го спречат развојот на неговата болест, а можеби дури и целосно ќе го излечат.
Дијагнозата сепак не остава илузии – турбекулоза. Болните од Виена, Кенисберг, Бреслау и Берлин неуморно разговараат за најважните работи на овој свет додека пијат швермерајка. дали Европа е во опасност од војна? Монархија или демократија? Дали постојат демони? Можно ли додека се чита еден текст да се препознае дали го напишала жена или маж?
Војњич добива и застрашувачки приказни за трагични настани во планинската околина на санаториумот. Иако тој самиот е зафатен со криење на вистината за себе, мистеријата на страшните настани уште повеќе го фасцинира. Сепак, тој незнае дека мрачните сили веќе се во него. ” Емпусион ” е првиот роман на Токарчук по добивањето на Нобеловата награда за литература и тој им открива на читателите вистини за светот кои или не ги забележуваме или не сакаме да ги знаеме по секоја цена.
Олга Токарчук е истакната полска прозаистка и есеистка, добитничка на Нобеловата награда од областа на литературата за 2018 г. и на меѓународната награда „Букер“ 2018 за романот „Талкачи“. Родена е на 29 јануари 1962 г. во Сулехув, западна Полска.
Ценета е како авторка и од критичарите и од читателите. Претставува книжевен феномен на популарноста и добриот вкус, на знаењето и пишувачката вештина, на филозофската длабочина и мајсторството на раскажувањето. Обожавател е на Јунг, познавач на филозофијата и на мистичните науки, студирала психологија на Варшавскиот универзитет.
Токарчук е активен критичар на општеството и потписник на многу протестни писма и декларации во врска со ограничувањата на човековите права.
Авторка е на десетина романи, од кои најзначајни се: „Правек и другите времиња“ (1996), кој своевремено претставуваше врв на новата полска книжевност и со кој се проби како еден од најзначајните полски писатели; „Талкачи“ (2007), со кој ја добива најпрестижната полска награда „Нике“ и „Јаковлевите книги“, кој се смета за ремек-дело на нејзиното творештво и за кое по вторпат ја добива наградата „Нике“. Други нејзини романи се: „Патувањето на луѓето на книгата“, „Е. Е.“, „Дневен дом, ноќен дом“, „Ана Ин во гробниците на светот“ и „Терај си го плугот по коските на мртвите“, „Емпузијон“. Авторка е и на повеќе збирки раскази и есеи, како и на текстови на неколку илустрирани книги.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам