Олга Токарчук е истакната полска прозаистка и есеистка, добитничка на Нобеловата награда од областа на литературата за 2018 г. и на меѓународната награда „Букер“ 2018 за романот „Талкачи“. Родена е на 29 јануари 1962 г. во Сулехув, западна Полска.
Ценета е како авторка и од критичарите и од читателите. Претставува книжевен феномен на популарноста и добриот вкус, на знаењето и пишувачката вештина, на филозофската длабочина и мајсторството на раскажувањето. Обожавател е на Јунг, познавач на филозофијата и на мистичните науки, студирала психологија на Варшавскиот универзитет.
Токарчук е активен критичар на општеството и потписник на многу протестни писма и декларации во врска со ограничувањата на човековите права.
Авторка е на десетина романи, од кои најзначајни се: „Правек и другите времиња“ (1996), кој своевремено претставуваше врв на новата полска книжевност и со кој се проби како еден од најзначајните полски писатели; „Талкачи“ (2007), со кој ја добива најпрестижната полска награда „Нике“ и „Јаковлевите книги“, кој се смета за ремек-дело на нејзиното творештво и за кое по вторпат ја добива наградата „Нике“. Други нејзини романи се: „Патувањето на луѓето на книгата“, „Е. Е.“, „Дневен дом, ноќен дом“, „Ана Ин во гробниците на светот“ и „Терај си го плугот по коските на мртвите“, „Емпузијон“. Авторка е и на повеќе збирки раскази и есеи, како и на текстови на неколку илустрирани книги.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам