×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бизарни раскази

Бизарни раскази

Олга Токарчук


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Автор: Олга Токарчук
ISBN: 9786082435084
Жанр: Кратки раскази
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
350 ден.

Збирка од десет раскази чиј заеднички именител е фасцинацијата од чудовишното. Токарчук ни поставува дилеми што нè исфрлаат од комфорната зона, потсетувајќи нè дека светот сè повеќе ни се измолкнува и дека сè помалку имаме контрола врз она што го правиме.

Бизарен е светот во кој живееме, ставен во непрестајно движење и постојано менување. Такви се и овие фасцинантни раскази – огромно патување, книга што преку чудовишното ги поткопува сите очекувања.

Од каде води потекло бизарното? Дали бизарното е одлика на светот или пак лежи во секого од нас? Читателот ја губи свеста низ постојаната промена на ритамот на нарацијата. Што ли го чека на следната страница?

Ова не се само приказни за клонирање, осаменост и неможност да се сфатиме себеси и својата положба во утврдените општествени улоги, туку секој расказ е визија што ја поттикнува потребата да му дадеме смисла на светот.

Со помош на гротеска, црн хумор, фантастични и хорор-елементи ни покажува дека реалноста не е онаква каква што ја познаваме. Токму затоа и постои уметноста – за да го провоцира она што се плашиме и да го помислиме.

Олга Токарчук

Олга Токарчук

Олга Токарчук е истакната полска прозаистка и есеистка, добитничка на Нобеловата награда од областа на литературата за 2018 г. и на меѓународната награда „Букер“ 2018 за романот „Талкачи“. Родена е на 29 јануари 1962 г. во Сулехув, западна Полска.

Ценета е како авторка и од критичарите и од читателите. Претставува книжевен феномен на популарноста и добриот вкус, на знаењето и пишувачката вештина, на филозофската длабочина и мајсторството на раскажувањето. Обожавател е на Јунг, познавач на филозофијата и на мистичните науки, студирала психологија на Варшавскиот универзитет.

Токарчук е активен критичар на општеството и потписник на многу протестни писма и декларации во врска со ограничувањата на човековите права.

Авторка е на десетина романи, од кои најзначајни се: „Правек и другите времиња“ (1996), кој своевремено претставуваше врв на новата полска книжевност и со кој се проби како еден од најзначајните полски писатели; „Талкачи“ (2007), со кој ја добива најпрестижната полска награда „Нике“ и „Јаковлевите книги“, кој се смета за ремек-дело на нејзиното творештво и за кое по вторпат ја добива наградата „Нике“. Други нејзини романи се: „Патувањето на луѓето на книгата“, „Е. Е.“, „Дневен дом, ноќен дом“, „Ана Ин во гробниците на светот“ и „Терај си го плугот по коските на мртвите“, „Емпузијон“. Авторка е и на повеќе збирки раскази и есеи, како и на текстови на неколку илустрирани книги.

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира