| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Литературата за деца во речникот на книжевни термини се дефинира како литература што по својата содржинска и јазична структура е приспособена на возраста на децата и нивните когнитивни способности. Веќе добро познато во оваа литература е дека секогаш се врзува со воспитно-образовниот процес и со тоа станува основа за остварување на дидактичките цели во воспитно-образовниот курикулум.
Спојувајќи ги својот долгогодишен стаж во воспитно-образовниот процес како наставничка и талентот за творење, авторката Наташа Брезовска-Богоевска го става на хартија своето остварување „Да се биде дете“.
Книгата е збир од песнички и кратки раскази што мотивски се различни, но сите на крајот носат воспитна порака. Песните се пишувани главно во строфи, со примена на рима, што им наметнува таков ритам што е лесно приемчив кај детската читателска публика. И она што би било најважно за децата, може лесно да се научат. Во расказите се употребени кратки реченици, со цел да се разбирливи за малите читатели. Книгата е наменета за деца во школска возраст, со цел да им го направи читањето забавно, но во исто време да им испрати поучна порака. Посебен впечаток ѝ даваат илустрациите што мотивски одговараат на песничките и расказите.
Ленче Китанова
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам