×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Системот

Системот


Издавач: Антолог-Боокс ДООЕЛ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 416
Година на издавање: 2026
Автор: Драгана Стојиќ
ISBN: 9786082438702
Жанр: Научна фантастика
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
500 ден.

Драги Земјани,

Ве известувам дека несогласно со Законот за Работа, Обврска и Труд на ентитетите, јас, како Функција и Својство на Апстрактниот Систем и како дел од Животните Процеси давам Отказ и се повлекувам од мојата Должност и Инстинкт за Работа. Тоа значи дека повеќе нема да имам Влијание врз вас како независна активна материја и вие НЕМА ДА УМИРАТЕ. Со други зборови, вие ќе бидете БЕСМРТНИ. Долго Време, аналогно со Инстинктот За Преживување, вие се обидувате да ме избегнете, се плашите од мене, ме мразите и јас бев непожелна. Добри Вести за вас – јас за вас повеќе не постојам. Имајте среќен вечен Живот! Ви посакувам сѐ најдобро.

Со Љубов, Смртта

Во Системот, апстрактните поими имаат физичка форма и се нарекуваат меѓусебно ентитети. Нивните дејствија се одразуваат врз целиот универзум и врз постоењето, влијаат еден на друг и на живите битија и воедно ги управуваат. Тоа го нарекуваат работа или функција, а меѓусебно се нарекуваат колеги. Кога Смртта од некакво необјаснето незадоволство се повлекува од својата функција, настанува хаос. Сите во Системот се затекнати, немоќни да се справат со хаосот. Смртта неочекувано добива понуда за помош од колега, за кого никогаш и не би помислила дека може да се потпре.