×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Најубавите басни од Лафонтен

Најубавите басни од Лафонтен


Издавач: Просветно дело
ISBN: 5310189028623
Жанр: 8 – 10
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
Книжарница ТРИ Ист Гејт Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
490 ден.

Безвременските басни од Лафонтен кои во овaa привлечнa сликовницa се вкупно по 17 на број - гарантираме дека не само што ќе го привлечат вниманието на децата, туку и со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги читаат, постојано ќе бараат тоа да го прават за нив, или, пак, за тие кои знаат да читаат - на овие басни ќе им се враќаат повторно и повторно и ...

Лакомата ласица, Лавот и глушецот, Кокошката со златните јајца, Еленот крај потокот, Лисицата и јарецот... и сите останати басни од Лафонтен, се спакувани во модерно дизајниран концепт на сликовница, со впечатливи, крупни и стилизирани цртежи, со различни типови букви односно фонтови кои визулено ги прават сликовнициве уште попривлечни и поразиграни. Ликовите на животните се весели, мили, а преку нив се отсликуваат одредени човекови особини или упатуваат на есенцијални пораки.

Се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил, речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата, а разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите, и тоа како ги мами децата постојано да ги прелистуваат страниците. Ова е неверојатнa книгa коja ќе ги воведe децата во светот на Лафонтеновите мудри басни.