Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
о книгава пренесуваме пет влијателни есеи од областа на „студиите за попреченост“ и, во вториот дел, дваесетина кратки есеи за телото. Со книгава настојуваме да го поттикнеме знаењето за попреченоста кај нас, сметајќи дека интелектуалното знаење за попреченоста пред сè ќе им овозможи подобро место во општеството на луѓето со попреченост, но и кај пошироката заедница (академската, на пример) ќе го приближи знаењето за попреченоста, со што ќе се поттикнат емпатијата, солидарноста и вклученоста во општеството.
Овој мал зборник за попреченоста, прв од ваков тип на македонски, сака да биде, значи, ем интелектуален резервоар на клучните идеи за попреченоста, ем поттик за развој на активизмот на луѓето со попреченост кај нас. На активизмот многу често му се потребни рефлексии и промислувања, за да фати чекор со поширокото опкружување, но и за подобро да се разбере самиот себе.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам