×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Драми 1

Драми 1

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082305189
Жанр: Драми
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
400 ден.

Првиот драмски текст на Маџунков Големиот Смок е обоен со здрава и народска смеа. Меѓутоа, тој хумор, во основа, е поетски интониран и се наоѓа до самиот раб на трагичното.
Иван Ивановски

Сенката е кохерентно, целовито, фантастично убаво и поетски заокружено драмско дело... Со силен метафоричен јазик, со извонредно впечатлива поетска слика, тој го соочува целиот тој свет со илузијата дека доаѓа некое море, некоја страшна сенка, некоја невидлива сила која ќе ги уништи.
Петре Баќевски

Како и во Големиот Смок така и во Сенката Маџунков го истражува човечкиот дух. Всушност, во Сенката неговиот главен јунак Иљо М., од некогашен, како што вели авторот, зачуден набљудувач, некогашна осамена и пасивна единка среде толпата, сега се преобразува во космички бунтовник и бранител на елементарното човечко право: правото да се биде.
Лилјана Мазева

Спротивставеноста на она што ликовите го носат како талог од некаква колективна потсвест, со она што е актуелност во нивното секојдневие, предизвикува впечаток дека ceтo она што низ една драмска структура Маџунков ни го предава во Сенката како сторија, сс случува во некое изминато, речиси скаменето време во кое како да залутале проблемите од нашето денешно живеење. Катица Трајковска

Сенката никој не ја виде, а сепак секој ја очекува да пристигне како помрачување, како уплав...
Бранко Бјадов

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Види повеќе