Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Стефан Миленков пишува ефективно, едноставно и мудро, пишува драми што треба да бидат играни на сцена, не само читани во книга. Инвентивен во отворањето на темите, со ликови што се изградени директно од самото дејство, независно дали се во мал формат (како што се трите едночинки Објект: актер, Отвори врата! и Страв) или во стандарден драмски формат (Потаткување, драма во три чина), неговите драми говорат за ова време директно актуализирајќи универзални ликови и заплети.
Она што треба да го препознае современиот македонски театар е дека неговите драми не треба да останат само меѓу овие корици, туку треба да се поставуваат на театарските сцени!
проф. д-р Ана Стојаноска, театролог и писателка
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам