×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Драми 2

Драми 2

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082305196
Жанр: Драми
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
400 ден.

Ако Големиот Смок е поблизок до фарсата, со сосема јасна метафора во основната инспирација, ако Сенката е поблиску до гротескна парабола во која има многу навестувања, кодирани значења, луцидни поткажувања и апсурдни ситуации со сериозна трагичарска артикулација, што често се транспонира во иреалното, во фантастичното, тогаш третиот текст, Пуста земја, ја дополнува и ја завршува оваа превртена дантеовска, или дури библиска слика на вкупниот живот на Универзумот „овде“ и Универзумот „отаде животот“. Така трилогијата на Маџунков Вечна игра се заокружува во една иста драма на човековата свест. Во својот интегрален вид таа е роман-дијалог со универзални пораки. Прекршена низ призмата на таканаречената драма на апсурдот, трилогијата на Маџунков постепено, од сцена во сцена, прераснува во сложен вид драмска фантазија, а оттаму во трагична гротеска, при што асоцијацијата на конкретниот провинциски менталитет и конкретното време преминуваат во поширока книжевна метафора.

Во делото на Маџунков овој сон на јунаците за сопственото вчера, за сегашнината и за иднината – е препознатлив коментар со алузија на нашево време и длабоката морална криза низ која пред нашиве очи минат сета наша земја и сите нејзини луѓе. Но и овој впечаток, можеби, треба да се прошири: мешањето и поистоветувањето на животот и сонот, реалното и „задгробното“, потоа онаа животоподобна индивидуализација на главните протагонисти, потчинети на својот словенски фатализам и јаловиот интелект на провинцијалниот дух, заедно со отвореноста кон експериментот на Маџунков – сето тоа оваа обемна трилогија ја ситуира во оној тип книжевни дела што со своето латентно значење ги менуваат, ги поместуваат дотогашните репери на книжевната карта на Македонија.

Томе Арсовски

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Митко Маџунков е македонски романописец, раскажувач, драмски автор и есеист. Митко Маџунков е роден во Струмица на 19 март 1943 година. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на групата светка книжевност со теорија на книжевноста. По дипломирањето, тој останал да живее во Белград и долго време работел како библиотекар-советник во Библиотеката на град Белград, каде што се пензионирал. Во 1970 година станал член на Здружението на писатели на Србија, од 1986 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, а исто така, тој е член на Друштвото на независни писатели. Во 2006 година, Маџунков се преселил во Македонија. Во 2003 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, а во 2007 станал редовен член на МАНУ.

Својот пробив на литературната сцена Маџунков го постигнал во Белград и долго време бил потценет во Македонија. Сепак, подоцна, таа неправда била исправена и, како признание на високиот квалитет на неговата проза, Маџунков бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Основна одлика на творештвото на Маџунков е епскиот карактер на неговите романи. Неговите романи се големи по обем при што тие се испреплетуваат помеѓу себе. Оттука, некои главни и епозодни ликови се провлекуваат во повеќе негови романи. Притоа, во изборот на ликовите и ситуациите, Маџунков често внесува автобиографски елементи. Тој пишува во манирот на јужноамериканскиот волшебен реализам, т.е. во неговите дела провејуваат чудни настани, необјасниви случки, необични ликови итн. Сепак, многу често во неговите дела се вметнати ликовите, местата и легендите од струмичкиот крај.

Види повеќе