Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Гласот и писмото на жените долго биле скриени од историјата и затворени за академски истражувања. За нив се пишувало на маргините на големите машки теми и најчесто покрај мажот, поради мажот или заради мажот. Дури во 70-тите години на ХХ век похрабро и без предрасуди и стереотипи почнаа да се откриваат и да се отвораат архивите на женското присуство во европската цивилизација.
Античките наративи сведочат за раскошно присуство на хетерите како книжевна парадигма и општествено-културен маркер на античкиот контекст. Хетерата била единствената жена на која ѝ било допуштено, макар и на маргините и макар декоративно, да упадне во еден типично машки простор. Таа е втора жена на мажот во однос на неговата прва, законска сопруга, но како што посочува самото име, таа е и друга, друшка, другарка, пријателка, многу често она што денес се нарекува „сродна душа“, духовен и интелектуален придружник. Иако според својот општествен статус втора, хетерата имала значајна улога во креирањето на културните и, посредно, на образовните динамики на жената во антиката.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам