×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Медеја

Медеја

Еврипид


Издавач: ТРИ
Автор: Еврипид
ISBN: 9786082309217
Жанр: Класична литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
250 ден.

...Никој нека не ме смета безначајна и бессилна,

ниту кротка, – јас сосем сум со друга природа…

Медеја е една од најпопуларните драми од антиката и бездруго најпрочуена од творештвото на Еврипид, која постојано доживува нови читања и реизданија. Во неа тој раскинува со традицијата, ги поткопува стереотипите и предрасудите и ја оспорува идеологијата на половите, се зазема за отфрлените и го предизвикува востановениот хеленски патријархален поредок и светоглед.

Приказната за убиството на сопствените деца, како одмазда за неверството на сопругот, е дел од современата имагинација и одигра важна улога во психоанализата, но и во правото, па и во политиката. Покрај честите продукции на сцените низ светот, Медеја е инспирација за огромен број нови верзии во сите уметности – во книжевноста и музиката, во филмската и ликовната уметност, во видеоигрите итн.

Што се случува кога луѓето на кои најмногу им верувате го погазуваат дадениот збор?

Фасцинантна и вознемирувачка приказна за тоа колку далеку е подготвена да оди жената за да се одмазди во машкиот свет.

Еврипид

Еврипид

Види повеќе