Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Базирана на дваесетгодишното истражување и предавања на повеќе од 5 милиони бизнис-лидери ширум светот оваа книга е синтеза на најдобрите и најпрактичните техники за поставување и постигнување на личните и финансиските цели. Трејси со консултантско искуство во повеќе од 500 корпорации меѓу кои IBM Ford Xerox и Hewlett-Packard ги објаснува клучните елементи за поставување на цели и неопходните чекори за нивно остварување.
Своите извонредни размислувања Трејси ги преточува во практични чекори за иницијатива.
Во оваа книга тој ве води низ целиот процес на поставување на цели - од почеток до крај - а кога ќе ја прочитате ќе имате буквално сè што ви е потребно за:
- Да направите повеќе пари
- Да ги подобрите своите врски
- Да имате подобро здравје и повеќе енергија
- Да постигнете финансиска независност
Цели! ви нуди детален процес за трансформирање на вашите соништа во реалност.
Брајан Трејси е претседавач и извршен директор на Брајан Трејси интернешенал, компанија која е специјализирана за обука и развој на поединци и организации. Мисијата на Брајан Трејси е да ви помогне да ги достигнете личните и професионални цели побргу и полесно одошто некогаш сте замислувале. Неговите говори и семинари за лидерство, продажба, самопочитување, цели, стратегија и креативност ги слушале повеќе од 5 милиони луѓе во 10.000 компании ширум Америка, како и во 55 други земји ширум светот. Неговите возбудливи говори, семинари и книги носат брзи промени и долготрајни резултати. Брајан Трејси е еден од најпродаваните автори во светот. Има напишано 50 книги и реализирано повеќе од 400 аудио и видеопрограми за учење, преведени на 36 јазици ширум светот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам