| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Куќата на старата тетка на Тумасина, Хенриета, како да е создадена за играње криенка. Полна е со спирални скали, со скриени катчиња и празни простории, но нема ниту едно единствено огледало. Хенриета е стара и болна, па во куќата се собрани сите нејзини роднини кои очекуваат дека ќе се најдат во нејзиниот тестамент. Додека возрасните се препираат околу наследството, Тумасина ги минува деновите со малечката и молчалива Сигне, со немирниот Ерланд и повлечената Вилма. Еден ден Сигне пронаоѓа таинствена осмоаголна просторија преполна со огледала, а во неа – скриен свет. Зошто Хенриета ги тргнала сите огледала од куќата? Како да се објаснат промените кај сите што ќе влезат во скриената просторија? И кое е мистериозното девојче кое е заслужно за тие промени?
Романот „Куќа без огледала“ на Мортен Санден е трогателна приказна за љубовта, болката, растењето и созревањето, проткаена со загадочна атмосфера од која одвреме-навреме ќе ве полазуваат морници. Мрежата од необјаснети, на прв поглед застрашувачки искуства низ кои ќе поминат јунаците на овој роман сосема ќе ги трансформира, а средбата со мистериозното девојче од огледалото ќе ѝ помогне на Тумасина и на нејзиниот татко да се помират со страшната загуба што им ги скршила срцата.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам