Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.
Самуел е во осумгодишна врска со Габриела, но сè уште живее сам во својот стан, занимавајќи се со часовите по германски и повремено помагајќи му на Титус, соседот кој работи како уредник на книги за мотивација.
Едно јунско утро добива разгледница од Јапонија на која е прикажано маче со подигната шепа и со една таинствена порака: Ваби-саби. По неколку дена добива и втора разгледница со фотографија од еден храм.
Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму тој ќе ја научи убавината на несовршеноста, таму ќе му се отвори неочекуваниот прозорец на љубовта...
Франсеск Миралјес е современ шпански писател и музичар. Роден е во 1968 година, во Барселона. Откако завршил германистика, уредувал и превел низа книги со духовна и психолошка тематика. Пишува книги за млади, патописи и статии.
Негови најзначајни дела се: „Зимска книга“, „Хаику за Алисија“ (награда „Ангулар“), „Барселона блуз“, „Летен курс во Ирска“, „Интерреил“ (награда „Колумна хове“ во 2006 година), „Разговор за среќата“, „Љубов со мали букви“, „Најубавото место на светот е тука“, „Ваби саби“ „Посакувам да си тука“.
Блиска тема му е и јапонската древна умешност и начин на живот, па заедно со Ектор Гарсија објавуваат три книги поинакви од романите што ги пишува. „Икигаи“ ги открива тајните на јапонската долговечност, а „Ичиго-ичие“ ја раскажува приказната за јапонската практика на целосно живеење во секој миг, а неодамна, во 2022 година се прославија со уште еден заеднички наслов „Намасте“, посветени на индискиот пат кон среќата, задоволството и успехот.
Миралјес има и свои музички албуми. А интересно е дека научил да свири пијано додека работел во едно кафуле.
Денес се смета за еден од најпознатите современи шпански автори.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам