Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
„Заробениот ум“ е збирка од девет есеи пишувани во 1951 г., а објавени во 1953 г. од Литературниот институт во Париз. Првото издание во Полска било објавено во 1978 г., во тајност од цензурата, а официјалното – дури во 1989 г. Делото, во кафкијанско-орвеловски стил, преку параболи и алегории, го анализира процесот на развивањето интелектуална зависност кај источноевропската интелигенција во однос на политичките и економските принципи на сталинистичката доктрина. Карл Јасперс го опишал „Заробениот ум“ како фантастична студија за „разбивањето на човекот на две личности“ под влијание на огромниот идеолошки притисок.
„Мојата книга, во одредена смисла, беше обид за борба против својот сопствен фатализам и песимизам.“
– Чеслав Милош
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам