Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј.
Делата на Менциј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик. Менциј е еден од стожерните философи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни философи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.
За Менциј и за неговите дела, д-р Игор Радев вели: „Менциј се смета за најзначаен претставник на конфуцијанската философска школа, по влијанието веднаш зад самиот Конфуциј. Според традицијата, тој учел под покровителство на ученик на внукот на Конфуциј – Ци̌’ Сӣ’ (483 – 402 п. н. е.). Книгата на Менциј заедно со три останати дела, коишто традиционално му се припишуваат на Конфуциј – Изреченијата (Лу́н Ју̌), Големото учење (Та̀ ‘Шјуе́) и Учењето за средишноста (Чжо̄нг Јо̄нг), го сочинуваат конфуцијанскиот книжевен канон, познат збирно како – Четирите писанија (сѝ’ шӯ) што со векови претставувал основа на кинеското високо образование.“
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам