Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
Заштедувате 151 ден.
Правдата е секогаш посилна од силата.
Децата на Херакле биле прогонувани од вечниот непријател на нивниот татко, истиот оној Евристеј кој го праќал Херакле на опасни задачи. Плашејќи се дека поради тоа може да му се одмаздат од името на својот татко, тој решил да ги убие. Иако во првиот обид успеале да му избегаат, тие не можеле да најдат мирно засолниште, зашто Евристеј постојано бил на чекор зад нив.
Базирана врз овој мит, драмата „Децата на Херакле“ на еден од најзначајните грчки трагичари, Еврипид, е трагедија чија морална сила досега многу подалеку од времето во кое е напишана. Освен придонесот што го има врз светската книжевност, оваа драма е и лекција за стравот и личниот интерес како силни мотиви за човечкото однесување.
Индивидуалната самопожртвуваност за спас на заедницата, власта врз немоќните и нивната обврзаност да се однесуваат послушно, како и другите вредносни димензии што се опфатени врз основа на митологијата и фантастичното, дури и денес сè уште се во рамките на моралните закони кои засекогаш треба да важат во човековата свест.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам