Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Поговорките тие куси книжевни творби создадени на крстопатот меѓу културата и лингвистиката претставуваат моќни културни артефакти бидејќи истовремено се и метонимии (куси фрази што упатуваат на поголеми наративни структури) и понуди за метафора (бараат од корисниците да се ангажираат во процесот на алегорија проектирајќи наратив преземен од традицијата врз актуелни настани или околности).
Еразмо Ротердамски вели дека присушта особеност за повеќето поговорки е тоа што бараат да бидат изразени, протолкувани и восприемени на јазикот на кој се создадени, а доколку мигрираат во некој друг јазик, губат голем дел од својата привлечност. Ваквата констатација е сосем оправдана и покажува колку е сложено преведувањето на овие куси, но семантички многуслојни книжевни форми, честопати цврсто определени со просторот, времето и јазикот во кој и на кој се создавани, и пред колкав предизвик е исправен преведувачот на овие реченични минијатури обвиткани во метафорични прекривки и набиени со мудрост, совети и пораки.
Антологијата на старогрчки поговорки и мудрости содржи избрани поговорки од сите збирки што го сочинуваат Corpus Paroemiographorum или/и во добар дел од Adagia на Еразмо Ротердамски. Дополнително, во неа се вклучени и наводи, изреки, сентенции или мудрости од разни умни и мудри глави од времето на Античка Грција.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам