Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Старецот Хремил не можејќи да ја поднесе актуелната состојба во Атина: нечесните да се богатат а чесните да живеат сиромашно решава да побара совет од пророчиштето на Аполон. Имено дилемата на Хремил е дали да го воспитува својот син да биде чесен или нечесен. Одговорот на пророчиштето е прилично нејасен бидејќи богот му порачува да го следи првиот на кој ќе наиде откако ќе излезе од храмот. Хремил всушност наидува на слепиот бог Богатство. Откако дознава кој е слепиот старец си задава задача да го излекува од слепилото за да види дека нечесно го делел богатството. За таа цел решава да го однесе во храмот на богот исцелител Асклепиј но во намерата го спречува парталавата старица Сиромаштија...
Богатство, или Плутос, е последната зачувана комедија од Аристофан, која е најмалку преведувана во нововековието, бидејќи не е типично аристофанска. Се разликува од претходните комедии на Аристофан бидејќи во неа отсуствува политичка сатира, исмевање поединци кои се дел од политичката сцена, или поединци што се актуелни и во други области од атинскиот јавен живот, а јазикот има изразено сексуална и екскреторна содржина. Наместо споменатите карактеристики, Аристофан го следи трендот на атинската театарска сцена и претставува комедија чиј предмет на исмевање е лакомоста за пари, вечна човекова особина што не е врзана за одредено место и време.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам