Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Кикерон Хоратиј Овидиј Сенека Плиниј Помладиот оставиле голем број писма до пријателите кои содржат многу детали од нивниот живот и работа за нивните карактери за јавниот и политичкиот живот за местото и улогата што ги имале во бурниот Рим. Писмата се кратки состави и есеи во стих и проза вистински бисери на епистоларната книжевност многу познат книжевен вид во римската традиција. Сите тие биле во активен однос со римското општество. Исклучително образовани создавале под влијание на филозофските школи актуелни во периодот и пишувале под влијание на општествено-историските настани испреплетени со нивните лични приказни кои се одвивале во тие најбурни времиња на римската цивилизација.
Изборот за овој превод е направен од убедување дека односите меѓу луѓето кои се одржуваат преку писма сами по себе се секогаш интригантни, дека не се само текст или порака. Tие се допир, израз на лицето, глас, сјај во очите, сведоштва на субјективно доживеани настани, на телесни и емотивни бури. Тешко е да се напише добро писмо кое има трајна и општа вредност, кое е одраз и израз на едно време и состојби во кои се живее и создава, или се тоне и пропаѓа.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам