×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Песјо срце

Песјо срце

Михаил Булгаков


Издавач: Бегемот
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
Автор: Михаил Булгаков
ISBN: 9786085064205
Жанр: Класична литература
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
300 ден.

„Песјо срце“ е едно од најважните дела на фантастиката во руската книжевност. Се толкува како алегорија на комунистичката револуција и како „погрешен обид на револуцијата радикално да го промени човештвото“. Објавувањето на новелата првично било забрането во Советскиот Сојуз, но циркулирало како самиздат. Официјално е објавена во Русија во 1987 година, долго по смртта на авторот, за подоцна да стане културен феномен и предмет на непрекината дебата сѐ до денешното време.

Кон крајот на декември, во Москва, еден уличен пес што штотуку се здобил со тешки изгореници на бокот, ја оплакува својата несреќна судбина и сонува за подобар живот. Тогаш, крај него поминува непознат човек, му дава колбаси и така го намамува во својот стан... Еден ден, професорот Преображенски прави необичен експеримент: ја пресадува хипофизата од штотуку починат млад човек во мозокот на песот Шарик. Експериментот успева и набргу кучето станува човек: оди на две нозе, почнува да зборува и самостојно да мисли. Меѓутоа, тогаш настануваат големи проблеми и многубројни перипетии, зашто кучето ги наследува лошите навики на човекот чија хипофиза му била всадена...

Превод: Тања Урошевиќ

Михаил Булгаков

Михаил Булгаков

За рускиот писател Михаил Афанасевич Булгаков не се зборуваше многу, сѐ до појавата на неговиот роман Мајсторот и Маргарита, во 1967 година. Роден во 1891, умрен во 1940 година, Булгаков во Русија беше познат пред сѐ како автор на неколку драмски текстови. Требаше да поминат дваесет и седум години од неговата смрт па – со издавањето на романот Мајсторот и Маргарита, најден во неговата оставина – да се дознае каков голем писател изгубила руската литература. Булгаков почнува со раскази: првиот расказ тој ќе го објави во 1919. Тогаш тој е веќе млад лекар – по завршувањето на Медицински факултет во Киев тој, 1916 година, ќе замине во провинција каде што во мали, зафрлени места ќе ја врши лекарската практика. Преживелиците од тој период на неговиот живот ќе бидат тема на циклусот раскази Записи на младиот лекар, објавувани во текот на 1925 и 1926 година. Булгаков ќе биде лекар само три години: во себе тој ќе го чувствува сѐ посилно повикот за предавање на писателската професија. По неколку години минати во мали места, тој доаѓа во 1921 година во Москва. Негова прва книга раскази е Ѓаволијада (1925) која содржи три раскази, од кои едниот носи наслов „Доживувањата на Чичиков“. Оваа позната личност од Гоголевите Мртви души кај Булгаков одново се појавува, но овојпат во една нова средина и во друго време: во Москва, во периодот на НЕП, каде што игра главна улога во низа стопански малверзации. Од тоа време се и неговите повести Кучешко срце и Фатални јајца, каде што негативни футуролошки предвидувања се искажани низ гротескно-фантастични настани. Потоа, делумно објавен истата, 1925 година, се појавува и романот Белата гарда – хроника на распаѓањето на една граѓанска фамилија во време на Граѓанската војна.

Види повеќе