×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ѕвездена џунгла (Стела и Сани)

Ѕвездена џунгла (Стела и Сани)

Јагода Михајловска-Георгиева, Стела и Сани


Издавач: Паблишер
Автор: Јагода Михајловска-Георгиева
ISBN: 9786084892489
Жанр: Стела и Сани
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
300 ден.

Сакате ли луди авантури?

Ве привлекуваат ли таинствени откритија?

Заинтересирани ли сте за неверојатни дружби?

Би се впуштиле ли во фантастични, забавни, волшебни, но... хммм, понекогаш и опасни случки?

Ако одговоривте потврдно, подготвени сте за патување низ чудната и чудесна Ѕвездена џунгла! Придружете им се на браќата Едан и Асја. Ве очекуваат незамисливи доживувања во бескрајно далечни светови сосема различни од нашиот.

Добар ви пат, љубопитни девојчиња и момчиња!

Ѕвездена џунгла, нов роман од авторката на книгите за деца Момчето Молња и Игбал, мојата тајна. Добитничка е на трите најпрестижни награди кај нас за романите за возрасни Каменот од твојот ден, Индиго Бомбај и Манастир Фуентерабија

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово. Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во пишаните медиуми и уредник во Телма телевизија. Автор е на серија телевизиски патописи за Бомбај и за Гоа во Индија, Катманду и Хималаите во Непал. Ги има објавено книгите: „Мојата кожа“ (збирка раскази), „Момчето Молња“ (роман), „Огледала – лудо билје“ (есеи), „Игбал, мојата тајна“ (роман), „Каменот од Твојот ден – хималајска приказна“ (роман), „Индиго Бомбај“ (роман), „Дрско црвен кармин“ (збирка раскази). Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга во 2005 г. („Каменот од Твојот ден“), на наградата „Роман на годината“ за 2008 г. на „Утрински весник“ („Индиго Бомбај“), на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобра прозна книга за 2017 г. („Манастир Фуентерабија“), како и на повеќе награди за краток расказ.

Види повеќе