×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Случајот на сопствената погибел

Случајот на сопствената погибел


Издавач: ЗРУМ Перун Артис
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 260
Година на издавање: 2025
Автор: Кристијан Новак
ISBN: 9786084934578
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
700 ден.

„Доаѓањето на летото беше крај на екипата. На море одевме новопечената соло Пахек, јас и една пријателка од факултет. Се допишував со Мили и тој во еден момент се појави со автомобилот долу, во стилот „Гордост и предрасуда“, еве го со кочијата. А Марли некаде во Загреб работеше ноќни смени, правеше што сакаат другите, се тепаше со идиоти и не се јавуваше. Да се разбереме, тоа меѓу нас и онака не одеше, долгорочно.
Мислам, колку и да го сакав, во еднаква мера ме нервираше и ми го креваше притисокот. Она, кога се однесува како да е мутав, едноставно престанува да зборува ликот, па ти мисли што сè има во таа тиква. Има во него многу топлина, но се однесува како да нема емоции, па испаѓа дека не нè разбира нас другите, нормалните. Што ги покажуваат. Како би изгледало тоа? И живееја среќно, професорот Марли и неговата тишина. Добро, кога ќе размислам, за мене бракот секогаш некако бил триаголник на двајца луѓе. Стариот мој, старата и нејзината потреба никој да не се кара. Пахек, нејзиниот маж и неговите привремени бества.
А јас, Мили и мојата прифатлива несреќа? Тоа изгледаше можно, пред
сето ова.
Единствена ли сум јас која се разлутува така? да не можам да замислам дека целото време го поминувам со оној кого навистина го сакам. Дури ни повеќето, дури ни половина од времето. Туку внимателно дозирање. Можеби себично, но за мене или е тоа, или е ништо. Наместо непрекинато паѓање и меѓусебно замерување – преброив број вистински, жестоки приближувања.
Само неколку тајни седмици со него, ме обележаа трајно. Со него в кревет, како да сме во иста шега, заиграни дечиња.“

Можеби ќе ве интересира