×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Боите на виножитото

Боите на виножитото


Издавач: Чудна шума Дооел
Автор: Ирина Атанаскова Елена Граматикова
ISBN: 9786085012121
Жанр: 1 – 4
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Нема на залиха
500 ден.

„Боите на виножитото“ на Елена Граматикова, со илустрации на Ирина Атанаскова. Ако застанеш под дрво додека роси, ќе можеш да го слушнеш шепотот на неговите лисја. Слушај внимателно бидејќи сигурно ќе ти раскажат некоја приказна.

Еден пролетен ден, додека ветрот нежно дуваше, а дождот срамежливо паѓаше, Калин случајно се најде под крошната на една цреша. Со откривањето на бојата на пролетта, црешките ја откриваа и приказната што ја чу Калин.

Приказната беше за едно прекрасно виножито кое живее во секој од нас. Во боите на виножитото живеат суштества без кои тоа не би било толку чудесно и шарено.

Нежна приказна за боите и нивната врска со одредени емоции. Децата ќе научат и за емоциите и како да се справуваат со некои од нив.