×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Акција
Вештица

Вештица

Венко Андоновски


Издавач: ТРИ
Автор: Венко Андоновски
ISBN: 9786082304977
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
285 ден. 380 ден.

Заштедувате 95 ден.

Една девојка од Македонија во седумнаесеттиот век заминува по игра на судбината во Хрватска. Во Хрватска е во ек голем прогон на вештици – жени кои склучиле сексуален пакт со ѓаволот. Во исто време од Италија падре Бенџамин личен пријател на Џордано Бруно доаѓа во Хрватска да учествува во инквизицискиот прогон и судењето на вештиците. И девојката од Македонија е обвинета за пакт со ѓаволот само затоа што не го сака својот сопруг со кој е во договорен брак. И наместо нејзин џелат учениот теолог Падре Бенџамин станува нејзин спасител. Меѓу нив пламнува огнена љубов... Како оган на клада на која горат еретиците... Ќе изгорат ли? Или ќе се родат повторно во дваесеттиот век како писателот кој ја пишува Вештица и една верна читателка која се поистоветува со женскиот лик од неговиот роман?

 

„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера

„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (...) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал...“  Петре М. Андреевски

 

 

 

Венко Андоновски

Венко Андоновски

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот [Папокот на светот] може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 книги на македонски јазик од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Како писател, Андоновски е автор на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 4 романи, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм.  Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“), како и на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот Вештица. Во 2018 година беше номиниран, со 33 светски писатели (меѓу кои и Нобеловци) за Толстоевата награда („Јасна полјана“). Тој е првиот Македонец што доби меѓународна книжевна награда по осамостојувањето на Македонија („Балканика“). Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последниве две децении. „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Еден од најизведуваните драмски писатели во последниве дваесет години во Македонија. Кандид во земјата на чудата беше на репертоарот на „Драмски“ цели седум години, со над сто изведби. За француското издание на неговиот роман „Вештица“, Милан Кундера, откако ќе го спореди Андоновски со Херман Брох и Карлос Фуентес, ќе напише: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува“. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски… Автор е на осум книги од областа на теоријата на книжевноста и културологијата. Приредил и две антологии на македонската поезија (македонско-српска и македонско-англиска). Автор е и на една двојазична (македонско-англиска) ексклузивна монографија за културата на Македонија, Зеницата на Македонија. Автор е на два учебника по литература за средното образование.

Член е на ДПМ и Македонскиот ПЕН центар и дописен член на МАНУ.

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

  • Прва награда за роман на „Зумпрес“ (за „Азбука за непослушните“, 1994)
  • Роман на годината на „Утрински весник“ (за „Папокот на светот“, 2000 г.)
  • Наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“, 2000)
  • Најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2009
  • „Петар Кочиќ“ за „Вештица“, 2011
  • „Стале Попов“ (за „Ќерката на математичарот“, 2013)
  • Руската меѓународна награда „Југра“ (за „Папокот на светот“, 2014)
  • „Рациново признание“ (за „Припитомување на кучката“, 2019)
  • „Ванчо Николески“ (за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“, 2021).
Види повеќе

Можеби ќе ве интересира