×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Нашето последно кафе

Нашето последно кафе

Коста Петров


Издавач: ТРИ
Автор: Коста Петров
ISBN: 9786082302690
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
199 ден.

Ова е книга за сите борци. Книга за луѓето кои не се откажуваат. Книга за луѓето кои ја гледаат светлината и во најтемните моменти на животот.

Од авторот на Се гледаме на врвот и Стравот, ни доаѓа уште една книга која ќе нè соочи со себе, со сопствените стравови, изговори, самонаметнати граници и откажувања, но и ќе ни покаже како да ги ослободиме своите потенцијали и да го достигнеме личниот максимум. 

Затекнат од загубата на многу блиска личност и соочен

со кршливоста на животот, Петров решава да напише книга-обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа книга е силно освестување за да се разбудиме и да не го земаме животот здраво за готово, туку од него да направиме искуство вредно за живеење, приказна вредна за споделување, живот по наша мера. Споделувајќи ги своите животни искуства, иницијациски предизвици, мисли и размисли, авторот ни раскажува како да се соочиме со парализирачкиот страв и со предизвиците што ни ги сервира животот, како да се справиме со луѓето кои нè повредуваат... Како да не се откажуваме од своите соништа, да го најдеме мирот и да направиме подобра верзија од себе.

Правилото е едноставно. Ништо во нашите животи нема да се промени ако не се промениме себеси.

Коста Петров

Коста Петров

Коста Петров е меѓународно докажан претприeмач, автор и мотивациски говорник низ целиот свет. Основач е на „Пи Ворлд“, водечка креативна агенција со канцеларии во Скопје и во Монтреал. Агенцијата е организатор на некои од најголемите светски бизнис- настани во 40 земји низ светот и редовно соработува со најголемите глобални брендови. За својата работа и својот придонес во индустријата, Петров двапати беше избран за еден од највлијателните луѓе во индустријата за настани од страна на „Конгрес магазин“. Коста Петров е автор на пет книги. Со над 50.000 продадени примероци од нив, тој е еден од најпродаваните македонски автори во последните десет години. Живее во Скопје.

Види повеќе