×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Меѓата на светот

Меѓата на светот

Митко Маџунков


Издавач: ТРИ
Автор: Митко Маџунков
ISBN: 9786082304632
Жанр: Домашни автори
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Нема на залиха
200 ден.

Маџунков не би бил доследен на својот неконвенционален однос кон литературата и духовноста кога богатството на теми и мотиви разновидноста на расположенијата и множеството интелектуални состојби не би ги мотивирал литературно со еден побогат интелектуален и творечки став дискретно провлечен низ книгата како целина. Ако таа негова „животна филозофија“ која е во основата на оваа проза би требало поедноставено да ја експлицирам би кажал дека Маџунков го доживува светот – слично на неколкумина еминентни светски писатели – како сплет на некохерентни случувања како лавиринти кои не признаваат површински каузалитети и последичности како разбиена целина која се растурила во безброј нееднакви делови како одблесоци на распаднат универзум кои најпрво треба да се пронајдат па со поместување и пресвртување да им се одреди и протолкува местото.

Таков однос кон инспирациите, таков став кон неисцрпното богатство на психолошките состојби, таква надмоќ над среќно уочените односи може себеси да си дозволи писател со вистинска доверба во својата надареност и во своето книжевно образование. Ваква неконвенционална книга, во која секој, па и многу краток запис нуди „граѓа“ за развиена раскажувачка целина, може да пишуваат само интелектуално силни писатели, оние кои имаат доверба во неисцрпноста на тематските и мотивските дострели. Но треба да се рече дека интелектуалноста на Митко Маџунков не се искажува само, дури ни превосходно, во луцидните коментари, ниту само во добрите опсервации, ниту во повремените есеистички размислувања, ниту исклучително во дискретните забелешки, туку пред сè, во начинот на обликување на текстот, во чувството за внатрешна кохеренција, во користењето на множество елементи на современото литературно умеење, во начинот како деталите се поврзуваат во целина, во ритамот и во композицијата. Чедомир Мирковиќ

 

Митко Маџунков

Митко Маџунков

Митко Маџунков е македонски романописец, раскажувач, драмски автор и есеист. Митко Маџунков е роден во Струмица на 19 март 1943 година. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград, на групата светка книжевност со теорија на книжевноста. По дипломирањето, тој останал да живее во Белград и долго време работел како библиотекар-советник во Библиотеката на град Белград, каде што се пензионирал. Во 1970 година станал член на Здружението на писатели на Србија, од 1986 година е член на Друштвото на писателите на Македонија, а исто така, тој е член на Друштвото на независни писатели. Во 2006 година, Маџунков се преселил во Македонија. Во 2003 година бил избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, а во 2007 станал редовен член на МАНУ.

Својот пробив на литературната сцена Маџунков го постигнал во Белград и долго време бил потценет во Македонија. Сепак, подоцна, таа неправда била исправена и, како признание на високиот квалитет на неговата проза, Маџунков бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите.

Основна одлика на творештвото на Маџунков е епскиот карактер на неговите романи. Неговите романи се големи по обем при што тие се испреплетуваат помеѓу себе. Оттука, некои главни и епозодни ликови се провлекуваат во повеќе негови романи. Притоа, во изборот на ликовите и ситуациите, Маџунков често внесува автобиографски елементи. Тој пишува во манирот на јужноамериканскиот волшебен реализам, т.е. во неговите дела провејуваат чудни настани, необјасниви случки, необични ликови итн. Сепак, многу често во неговите дела се вметнати ликовите, местата и легендите од струмичкиот крај.

Види повеќе